Tретата детска Олимпијада е на чекор од нас. Возбудата за овој настан се зголемува со секој поминат час, и се надеваме дека сите учесници се подготвени за претстојната олимписка авантура.

Во прилог неколку важни информации за денот на Олимпијадата:

Пријавување и регистрација 

Пријавувањето ќе биде отворено додека не се пополни предвидениот број на учесници. Регистрацијата за сите пријавени учесници ќе биде организирана на 30 јуни пред почетокот на настанот.

Организација на учесници

Откако ќе се заврши регистрацијата, нашите организатори  ќе ги распоредат пријавените согласно правилникот за организација на игри. Секое дете според возраста ќе учествува во различни игри. 

Присуство на родители

За време на Олимпијадата, вие како родители можете да ги мотивирате вашите деца од страна на игралиштето. Влез во самото игралиште не е дозволен.

Спортска облека

Потребно е сите учесници да носат облека соодветна за спорт и рекреација.

Безбедност

Брза помош, полиција и обезбедување ќе бидат присутни на настанот за да осигурат максимална безбедност за сите учесници.

Крај на настанот

Оваа година во секоја игра ќе има три најдобри играчи. Односно сите учесници ќе бидат поделени во групи според возраст, а во секоја игра ќе има прво, второ и трето место. Местата ќе бидат избрани на база на освоените поени. Организаторите се обврзуваат на максимално професионално водење на игрите, и Ве молиме да се воздржите од било какво вмешување, освен да ги мотивирате вашите деца.

Овој настан е создаден за децата да уживаат, да создадат нови пријателства и да имаат незаборавно искуство во своето секојдневие. Доколку имате дополнителни прашања или потреба за разјаснувања, не двоумете се да ни се обратите.

Ајде да ја напрајме Битола најуба на 30 Јуни заедно со Менде!

Во јуни ја организираме третата детска Олимпијада во Битола. За најмладите и најслатки учесници имаме подготвено, мноогу забава, игри и многу изненадувања. 

Учеството на Олимпијадата е бесплатно!

Локација и време:

  • Почетокот на настанот е во 18 часот на 30 јуни на тениското игралиште во близина на градскиот стадион во Битола.

Правила за пријавување:

  • Право на учество имаат сите деца од 5 до 10 години.
  • Учеството на Олимпијадата е бесплатно.
  • Пријавите ќе бидат отворени се додека не се исполни бројката на планирани учесници.

Како ќе биде организирана Олимпијадата?

  • Сите учесници ќе бидат поделени по возраст.
  • Секо дете ќе добие медал за учество, и ознака според која ќе се знае каде треба да се упати. 
  • За време на Олимпијадата ќе се организираат различни игри. 

Организаторот има право на дополнителни измени за кои пријавените учесници ќе бидат навремено информирани.