Втората детска Олимпијада е на чекор од нас. Возбудата за овој настан се зголемува со секој поминат час, и се надеваме дека сите учесните се подготвени за претстојната олимписка авантура.
Во прилог неколку важни информации за денот на Олимпијадата:
Регистрација
Регистрацијата за сите пријавени учесници ќе биде организирана на 8 јули. Сите пријaвени учесници ќе бидат известени каде ќе треба да дојдат за да пополнат формулар за регистрација.
Организација на учесници
Откако ќе се заврши регистрацијата, нашите организатори ќе ги распоредат пријавените во тимови согласно правилникот за организација на тимовите.
Присуство на родители
За време на Олимпијадата, вие како родители можете да ги мотивирате вашите деца од страна на игралиштето. Влез во самото игралиште не е дозволен.
Спортска облека
Потребно е сите учесници да носат облека соодветна за спорт и рекреација.
Безбедност
Брза помош, полиција и обезбедување ќе бидат присутни на настанот за да осигурат максимална безбедност за сите учесници.
Крај на настанот
Победничкиот тим ќе биде избран на база на освоените поени и ќе добие награда. Организаторите се обврзуваат на максимално професионално водење на игрите, и Ве молиме да се воздржите од било какво вмешување, освен да ги мотивирате вашите деца.
Овој настан е создаден за децата да уживаат, да создадат нови пријателства и да имаат незаборавно искуство во своето секојдневие. Доколку имате дополнителни прашања или потреба за разјаснувања, не двоумете се да ни се обратите.
Ајде да ја напрајме Битола најуба на 9ти Јули заедно со Менде!
Во јули ја организираме втората детска Олимпијада во Битола. За најмладите и најслатки учесници имаме подготвено, мноогу забава, игри и многу изненадувања.
Учеството на Олимпијадата е бесплатно!
Локација и време:
Почетокот на настанот е во 18 часот на 9 јули на тениското игралиште во близина на градскиот стадион во Битола.
Правила за пријавување:
Право на учество имаат сите деца од 5 до 10 години.
Учеството на Олимпијадата е бесплатно.
Пријавите ќе бидат отворени се додека не се исполни бројката на планирани учесници.
Како ќе биде организирана Олимпијадата?
Сите учеснице ќе бидат распределни во различни тимови.
Секо дете ќе добие медал за учество, и ознака според која ќе се знае во кој тим припаѓа.
За време на Олимпијадата ќе се организираат шест групи на детски игри од забавен карактер.
Организаторот има право на дополнителни измени за кои пријавените учесници ќе бидат навремено информирани.
Contact us
X
Schedule Demo
X
Don't miss out on this exclusive offer!
X
By signing up for the waiting list now, you'll secure your spot for early access and claim these valuable benefits.