Како компанија која секогаш го поддржува спортот и здравиот начин на живот, ⋮IWConnect и оваа година е дел од Трчај Бе, но не само како учесници туку исто и како поддржувачи на настанот. Со цел да го направиме настанот уште поинтересен, оваа година одлучивме да организираме и наградна игра со наслов: Трчај, сликај се, и освој награда!
Се што треба да направите е следното:
- Пронајдете го штандот на ⋮IWConnect кој е на самиот крај од патеката, пред споменикот Филип Втори
- Сликајте сè со Darth Vader
- Заследете го профилот на ⋮IWConnect на Instagram – Life_at_IW
- Објавете ја сликата на стори и тагнете го профилот на ⋮IWConnect
Сите објавени слики ќе бидат реобјавени на профилот на ⋮IWConnect, а првите три слики со најголем број на лајкови, ќе добијат корпоративен подарок од ⋮IWConnect.
Победниците ќе бидат објавени 3 дена по трката.
